Фарук Хаџибегиќ нема да добие нов договор од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Според црногорските медиуми, првиот човек на Сојузот, Дејан Савичевиќ, одбрал Миодраг Радолувиќ да биде наследникот на Хаџибегиќ. Радуловиќ ја прифатил понудата.
Хаџибегиќ ја предводеше Црна Гора на 14 натпревари, забележал шест победи и по четири порази и нерешени резултати.
Сепак, тој успеа да избори пласман во Б-дивизијата, во Лигата на нации. Во конкуренција на Азербејџан, Кипар и Луксембург репрезентацијата на Црна Гора го освои првото место во својата група.
Савичевиќ не бил задоволен од играта н националниот тим, поради што решил да не му понуди нов договор на Хаџибегиќ.