Top Sport

Хајнкес: Баерн требаше да го „грабнат“ Вернер

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес жали што неговиот тим ја пропуштил шансата во составот да го донесе талентираниот напаѓач на РБ Лајпциг, Тимо Вернер.

Вернер својата кариера ја почна во тимот на Штутгарт и играше во голем број на младински состави пред да дебитира во Бундеслигата како 17-годишник. По три сезони со Штутгарт, Лајпциг го земаа Вернер во 2016 за 10 милиони евра, и оттогаш 21-годишниот Германец постојано е во националниот тим и импресионира со своите игри.

Хајнкес вели дека Баварците згрешиле и дека тој можел да има долгорочна иднина на арената „Алијанц“.

„Баерн требаше да го земат Тимо Вернер пред многу години, кога уште беше во Штутгарт. Можеше да научи толку многу со нас“, вели Хајнкес во интервју со „Ди велт“.

Вернер лани постигна 21 гол, а оваа сезона досега има шест гола и три асистенции во девет меча.

Баерн неодамна остана без навивачи, откако Роберт Левандовски и Томас Милер заработија повреди. Хајнкес во тимот го донесе 23-годишниот Кваси Окјере Вдит и 18-годишниот Мануел Винцхајмер како замена. За него е загрижувачки што по Давид Алаба во 2010, ниту еден од јуниорите на Баерн не заработил место во првиот тим.

„Мораме да развиваме фудбалери кои имаат талент да се натпреваруваат на највисоко можно ниво. Процесот трае со години. Најдобрите играчи мораат да играат, без разлика на годините“, вели Хајнкес.

Scroll to Top