Top Sport

Хакими во „канџите“ на Серхио Рамос

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, жестоко реагираше кон поранешниот соиграч, Ашраф Хакими, во текот на натпреварот Реал-Интер (3:2), во Лигата на шампионите.

Рамос збеснал во еден момент, кога Хакими се обиде да изнуди пенал. Хакими се уште беше на колена кога од зад грб, Рамос, започна да го навредува.

Најпрвин му порачал на Мароканецот дека е „ку…н син“, а кога го повикал да стане, му рекол да „не се дере како стаорец“.

Рамос на овој натпревар го постигна 100 гол во дресот на Реал. Од друга страна Ашраф Хакими, за сума од 40.000.000 евра, како играч на реал, ова лето се пресели во Интер.

 

Scroll to Top