Top Sport

Хакими „заборави“ за кого игра, му асистираше на Бензема, Серхио Рамос со 100-ти гол за Реал!

Реал Мадрид има 2:1 водство над Интер по првото полувреме од дуелот од Лигата на шампионите, откако Ашраф Хакими направи грешка и му асистираше на својот поранешен соиграч, Карим Бензема за да го отвори резултатот на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.

Капитенот Серхио Рамос во 33. минута го удвои водството по нафрлањето на Тони Крос што беше негов 100. гол за „кралевите“, неверојатно остварување за одбранбен играч, пред Лаутаро Мартинез по фантастичната асистенција на Николо Барела две минути подоцна да осигура да има и интересно второ полувреме.

Диого Жота постигна два гола за Ливерпул да има 2:0 водство против Аталанта во Бергамо, додека Баерн Минхен сe вратија од рана негатива да водат со 1:2 на гостувањето во Салцбург.

ЛШ, РЕЗУЛТАТИ ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

Аталанта – Ливерпул 0:2

Манчестер сити – Олимпијакос 1:0

Митјиланд – Ајакс 1:2

Порто – Марсеј 2:0

Реал Мадрид – Интер 2:1

Ред бул Салцбург – Баерн Минхен 1:2

Scroll to Top