Top Sport

Халанд бара неделна плата од 300.000 фунти од Јунајтед и Челси

Ерлинг Халанд со секој нареден меч докажува дека е еден од најдобрите млади напаѓачи на светот, постигнувајќи голови со невидена леснотија и многумина очекуваат дека ова лето тој ќе замине во некој поголем (и побогат клуб) од Борусија Дортмунд. Единствен проблем може да биде огромната плата која ја очекува од дури 300.000 фунти.

За 20-годишниот Норвежанец се заинтересирани Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси и Реал Мадрид, а се верува дека Јунајтед и Челси се во пол-позиција за неговиот потпис.

Според британскиот „Дејли стар“, Халанд има едноставно барање – следниот договор да му биде на пет години со основна плата од 300.000 фунти неделно, или вкупно 78 милиони фунти за пет години со дополнителни бонуси. Во ситуација кога корона вирусот предизвика намалување на финансиите на големите клубови, малку големи клубови би се согласиле на ваков договор.

За потсетување, во своите последни два меча, против Севилја во Лигата на шампионите и против Шалке во дербито во Бундеслигата, Халанд постигна по два гола.

Scroll to Top