Top Sport

Халанд бара превисока плата, Јуве се откажуваат

Иако претходно се веруваше дека Јувентус се први фаворити за потписот на Ерлинг Браут Халанд, неговото барање за огромна плата се голем проблем за „старата дама“, тврди „Тутоспорт“.

19-годишниот Халанд со фантастичната голгетерска серија за Ред бул Салцбург го предизвика интересот на повеќе европски клубови, како Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд, а поради влијанието на неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола се сметаше дека Јуве е прв фаворит.

Сега, торинскиот весник „Тутоспорт“, тврди дека Норвежанецот бара 8 милиони евра по сезона, со што би бил четврти по платата во Јуве, по Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Гонзало Игуаин, а клубот од Торино е заинтересиран да ги намали трошоците за плати, по кои се трет спортски клуб на светот.

Халанд има 28 гола во 22 настапи за Салцбург, вклучувајќи осум гола во шест настапи во Лигата на шампионите.

Scroll to Top