Top Sport

Халанд би ја „земал“ десната нога на Кристијано пред левата нога на Меси

Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд влезе во дебатата за тоа кој е подобар меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, со тоа што откри дека би сакал да ја има десната нога на Португалецот.

На прашање чија нога би сакал да ја има за да стане уште подобар по блескавата сезона во Премиерлигата, тој имаше добра причина да го избере Португалецот.

„Тешко прашање. Но, бидејќи имам прилично добра лева нога, би ја земал десната нога на Роналдо“, одговори тој во Јутјуб-интервју.

22-годишниот Норвежанец покажа дека неговата лева нога е доволно силна – постигнувајќи 36 гола во 35 меча во Премиерлигата и вкупно 52 во 51 меч за тимот на Пеп Гвардиола.

Scroll to Top