Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд ќе потпише богат спонзорски договор со „Најк“ откако ги одбил понудите на „Адидас“ и „Пума“, тврди „Атлетик“, додавајќи дека тој ќе заработува околу 20 милиони фунти годишно од овој договор.
22-годишниот Норвежанец, кој оваа сезона има 33 гола во исто толку меча за Сити, присигна од Борусија Дортмунд за 51 милион фунти и беше без спонзор за копачки откако му истече договорот со „Најк“, со кои има соработка од својата 14-та година. Сепак, се веруваше дека „Адидас“ се блиску до договор со нив, бидејќи извршниот директор на германската компанија, Бјорн Гуден е близок пријател на неговиот татко, Алф-Инге Халанд.