Top Sport

Халанд го сруши рекордот на Кол и Ширер – 34 гола во ПЛ и 50 гола вкупно оваа сезона!

На Ерлинг Халанд му беа потребни само неколку минути на мечот на Манчестер сити против Фулам за да го постигне својот 34. гол во Премиерлигата и 50. вкупно оваа сезона во дресот на англискиот шампион.

По фаулот во шестнаесетникот во третата минута од мечот, Халанд беше сигурен од белата точка, неколку дена откако утна во Лигата на шампионите против Баерн од иста позиција.

Со голот, тој го израмни рекордот на Енди Кол од 1993/94 и на Алан Ширер од 1994/95 со 34 гола во англиската Премиерлига.

Scroll to Top