Top Sport

Халанд ја одбил Барселона, во трката за него остануваат Реал Мадрид и Манчестер Сити

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд, кој го носи дресот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, ја одбил понудата на Барселона. Каталонскиот гигант сака да го направи Халанд најскап играч и главна ѕвезда на новиот тим за следната сезона и му понуди 100 милиони евра за петгодишен договор.

Халанд во Минхен имал средба со тренерот Чави, но и покрај големите напори, Барселона не успеала да го убеди фудбалерот да се пресели на лето на „Камп Ноу“.

Во најтесна конкуренција за потписот на Ерлинг Халанд остануваат Реал Мадрид и Манчестер Сити. „Кралевите“ наводно веќе се договорено со Килијан Мбапе, а сакаат да направат супертандем заедно со Халанд.

Манчестер Сити исто така се надева дека може да го привлече норвешкиот напаѓач во летниот преоден рок. Финансиите не се проблем за „граѓаните“, а на Пеп Гвардиола му е потребен квалитетен напаѓач.

Scroll to Top