Top Sport

Халанд ќе биде првата цел на Јунајтед следното лето

И покрај тоа што потрошија над 100 милиони фунти на Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо, во Манчестер јунајтед остануваат на својот план следното лето на „Олд Трафорд“ да го донесат Ерлинг Халанд, тврди „ЕСПН“.

Борбата на големите (и богати) клубови, како Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен за потписот на 21-годишниот Халанд ќе се одвива следното лето, бидејќи на крајот на сезоната Норвежанецот може да ја активира клаузулата за заминување за 75 милиони евра.

Иако трансферот на Роналдо бил финансиран надвор од предвидениот буџет на Јунајтед, извори на клубот тврдат дека тоа не ги менува плановите за следното лето. Јунајтед ќе платат 15 милиони евра за Роналдо, и пет години по 8 милиони евра, но тој ќе стане најплатениот фудбалер во клубот и покрај намалувањето од Јувентус со 510.000 фунти неделно.

Долгорочниот план за Халанд останува, откако во 2019/20 не успеаја да го донесат од РБ Салцбург, кога тој реши да потпише за Дортмунд. Халанд играше за Солскјер кога дебитираше како сениор за норвешкиот Молде и останува во добри односи со сонародникот.

Scroll to Top