Top Sport

Халанд „лут“ на Фавр што не му даде да постигне повеќе од четири гола

Фантастичниот Ерлинг Халанд на шега признава дека му се „налутил“ на тренерот Лусиен Фавр во саботата, откако беше повлечен од игра иако постигна четири гола во импресивната 5:2 победа над Херта Берлин.

Херта водеа по првото полувреме со 1:0, но 20-годишниот Норвежанец во второт полувреме беше неверојатен со хет-трик за 15 минути, за да додаде уште еден, пред да биде заменет со 16-годишниот Јусуфа Мукоко, кој стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата.

„Да бидам искрен, по натпреварот Фавр ме праша колку гола дадов. Ми рече: ‘Три?’. Не, четири, само четири бидејќи ме извади предвреме. Малку сум лут, но тоа е тоа“, вели во шега Халанд.

Фавр ја потврди оваа верзија на настаните.

„Вистина е, бидејќи јас не ги бројам само головите, туку и додавањата“, изјави Фавр.

Scroll to Top