Австриските медиуми објавија дека фудбалскиот клуб Салцбург ја одредиле цената за својот вундеркинд, Ерлинг Халанд.
Потенцијалот на ова 19 годишно момче прв го забележал Оле Гунар Солскјер во Молде, во летниот преоден рок тој за сума од пет милиони евра се преселил во Салцбург.
Халанд синоќа во Неапол испиша историја во Лигата на шампионите. Стана првиот играч што во првите четири рунди постигнал седум гола.
Неговите партии будно ги следат во Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Во Салцбург им е јасно дека нема да можат долго да го задржат Халанд во своите редови поради што ја одредиле цената за него, таа изнесува рамно 100 милиони евра.