Top Sport

Халанд на крајот станал „товар“ за Борусија Дортмунд

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел вели дека Ерлинг Халанд станал „товар“ за клубот во последните месеци во Германија пред трансферот во Манчестер сити, иако тој постигна 86 гола во 89 меча за „милионерите“.

Манчестер сити платија 51 милион фунти да го донесат норвешкиот напаѓач, кој покажа колку вреди за тимот на Пеп Гвардиола, постигнувајќи 12 гола во 7 меча во Премиерлигата и Лигата на шампиони. Халанд претходно помина две и пол сезони со Дортмунд по трансферот од Ред бул Салцбург во декември 2019 за 17 милиони фунти.

„Колку и да го ценевме Ерлинг и успехот кој тој го постигна во нашиот дрес, на крајот темата за неговиот трансфер стана товар за нас, во соблекувалната и во клубот. Во основа, за целата околина, само тој беше тема. Тајмингот на продажбата беше вистински, за нас и за Сити. Тоа што првите 10 гола оваа сезона ги постигнаа 10 различни фудбалери го докажува тоа. Без него, имаме шанса да пружиме доверба на други фудбалери“, вели Кел за „Спорт билд“.

Веќе во среда, Халанд ќе има шанса да игра против својот поранешен клуб, кога Дортмунд ќе гостува во Манчестер во меч од Лигата на шампиони.

Scroll to Top