Top Sport

Халанд под истрага – зборувал на мобилен додека возел!

Полицијата на Манчестер потврди дека ќе отвори истрага за ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд по објавувањето на фотографиите на кои тој зборува на мобилен телефон додека вози.

Фотографиите беа објавени од таблоидот „Сан“ во понеделникот и според нивните информации се од 15 март во близината на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

За овој престап, Норвежанецот може да добие казна од 200 фунти и да добие шест казнени поени на својата возачка дозвола.

Scroll to Top