Top Sport

Халанд повторно погоди, Келн ја декласира Херта (Видео)

Кошамарно попладне имаа во Бундеслигата имаа екипите кои играа пред своите навивачи. Само Борусиај Менхенгладбах успеа да извелече реми, додека порази запишаа Фортуна, Вердер и Херта.

Борусија Дортмунд во Бремен им се реваншираше на фудбалрите на Вердер за неодамнешната елиминација од Купот на Германија. „Милионерите“ победија со 2:0, а головите ги постигнаа Загаду и Халанд.

Норвежанецот ја продолжи својата голгетерска серија, од доаѓањето во Дортмунд има постигнато 12 гола на осум одиграни натпревари.

Келн на Олимпискиот стадион во Берлин ја декласира Херта со 5:0. Гостите три гола постигнаа во првото полувреме преку Кордоба во четвртата и 22 минута, а авто-гол си постигна Јарстајн во 37 минута. Во вториот дел по еден гол постигнаа Каиз и Ут.

Фортуна со погодоците на Хафман во 37 и Томи во 61 минута победи на гостувањето во Фрајбург.

Борусија Менхенгладбах имаше предност против Хофенхајм со голот на Гинтер во 11 минута, но во 92 минута бод на гостите им донесе Рибеиро.

Scroll to Top