Top Sport

Халанд се договорил со Јувентус

Голгетерското чудо од Норвешка, Ерлинг Халанд (19) ги одбил понудите на Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Лајпциг и како што тврди „Тутоспорт“ решил кариерата да ја продолжи во Јувентус. Јувентус, слично како и останатите тимови, ќе го плати обесштетувањето за Халанд од 30 милиони евра.

Според истиот извор, Халанд и неговиот менаџер Мино Рајола, постигнале договор со челниците на Јувентус, а трансферот ќе биде официјализиран на 1 јануари кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок.

Норвежанецот во Јувентус ќе заработува 7,5 милиони евра годишно.

Халанд сезонава има постигнато 22 гола за Салцбург, осум од нив во Лигата на шампионите.

Scroll to Top