Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, во овие моменти го играат дерби натпреварот во Бундес лигата.
Првата половина од првото полувреме во целост им припаѓа на „милионерите“ од Дортмунд, тие имаат водство од 2:0.
На „Алијанц“ стадионот во Минхен доминира Ерлинг Халанд. Норвешкото чудо приреди девет минутно шоу. Првиот гол го постигна во втората, а вториот во деветтата минута од првиот дел.