Top Sport

Халанд шоу во Севилја – асистенција и два гола за пресврт (ОБНОВЕНО)

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа зошто пола европски гиганти го сакаат неговиот потпис, откако за шест минути создаде вистинска „ремонтада“ против Севилја, со една асистенција и еден гол да се поништи првичната предност на домаќините и Борусија Дортмунд да поведе со 1:2, за до крајот на првото полувреме да додаде уште еден гол за 1:3 водство.

Севилја поведе преку Сусо во седмата минута, пред Халанд прво да му асистира на Дау во 19. минута, за во 27. минута по одлична акција заедно со Џејдон Санчо да направат пресврт. Во 43. минута, норвешкото чудо уште еднаш стрелаше за 1:3.

Scroll to Top