Top Sport

Халанд: Системот на игра на Гвардиола е компликуван

Ерлинг Халанд, очигледно, ужива во животот како фудбалер на Манчестер сити, откако веќе постигна 12 гола за својот нов клуб по трансферот од Борусија Дортмунд, а 10 од нив дојдоа во Премиерлигата. Сепак, тој признава дека не е лесно да се игра во фудбалскиот систем на Пеп Гвардиола, во кој секој треба да си ја знае својата улога на теренот.

„Да, системот е навистина компликуван, но се обидувам да се снајдам што е можно побргу. Немам време за губење. Знам колку беше добар тимот и пред јас да дојдам. Секако, малку сум изненаден од добриот старт на сезоната“, вели Халанд во интервју за „Телемундо депортес“.

Тој додава дека има многу сличности со Гвардиола.

„Тој, исто како мене е фудбалски фанатик. Двајцата го сакаме фудбалот. Тој беше фудбалер, сега е тренер и луд е по фудбалот. Тоа ми се допаѓа, бидејќи секогаш мисли дека можеме да бидеме и подобри“, додава Норвежанецот.

Scroll to Top