Top Sport

Халанд: Требаше да им дадеме повеќе! Гвардиола: Неговите бројки се застрашувачки

Ерлинг Халанд, откако третпат оваа сезона постигна хет-трик при „уништувачката“ 6:3 победа на Манчестер сити над Манчестер јунајтед, изјави дека не е целосно задоволен, посебно бидејќи ривалите го „добиле“ второто полувреме (4:0 во првото, 2:3 во второто).

„Беше добро да се игра во дербито, пред мечот почувствував дека нешто посебно ќе се случи и тоа беше убаво. Во петокот се чувствуваше атмосферата и на тренингот и навистина ги сакам овие натпревари. Секогаш се најдобри и има нешто екстра. Самодовербата не ми недостасува никогаш, ниту кога загубивме од Ливерпул во Комјунити шилд. Во второто полувреме требаше да им дадеме уште голови, да играме поцврсто, бидејќи на моменти бевме нестабилни. Го загубивме второто полувреме и тоа не е добро и мораме да работиме да не дозволиме такви работи“, вели Халанд.

Пеп Гвардиола беше презадоволен од резултатот и од хет-трикот на Халанд.

„Совршеноста не постои, тоа е невозможно, но мораме да се обидеме. Бевме добри, можеме да бидеме и подобри. Во првото полувреме бевме добри со четири гола, а по полувремето беше потешко. Бројките на Ерлинг зборуваат сами. Имам чувство дека постојано е гладен и сака да се натпреварува. Бројките се навистина страшни“, вели Гвардиола.

Scroll to Top