Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд открива дека е воодушевен од феноменалниот Килијан Мбапе, порачувајќи дека би сакал ѕвездата на ПСЖ да биде Норвежанец.
И покрај тоа што многумина предвидуваат дека токму Халанд и Мбапе во иднина ќе бидат главните фаворити за „Златната топка“ и ривали, на Халанд не му пречи да каже колку го цени Французинот.
„Има многу добри фудбалери, а Килијан е еден од нив. Тој е толку силен на теренот и Французите имаат среќа што игра за нив. Би сакал да го видам во норвешката репрезентација, бидејќи е неверојатен играч. Тој е брз, силен и го прави тоа толку многу години, а само две години е постар од мене. Навистина лудо. Понекогаш треба да се потстите дека веќе 10 години игра на врвно ниво. Феномен“, изјави Халанд.