Top Sport

Халилхоџиќ бара 0.01 евра од јапонската федерација

Босанскохерцеговскиот тренер Вахид Халилхоџиќ потврди дека ќе ја тужи Јапонската фудбалска федерација откако тие го отпуштија од селекторското место пред стартот на Светското првенство во Русија.

Халилхоџиќ емотивно реагираше на овој отказ и дури заплака на прошталната прес-конференција. Сега, тој бара отштета од 0.01 евра од федерацијата бидејќи длабоко го навредиле со начинот на кој го отпуштиле.

„Вахид Халилхоџиќ беше длабоко навреден со отказот во април, бидејќи за него немаше причина. Тужбата е тука и сакаме да ја одбраниме неговата чест и достоинство. Се работи за симболична отштета“, вели адвокатот на Халилхоџиќ.

Фото: ЕПА

Јапонија го смени Халилхоџиќ на два месеци пред Мундијалот

Scroll to Top