Top Sport

Халилхоџиќ ја напушта Јапонија по мундијалот

Вахид Халилхоџиќ (65) по светското првенство ќе замине од селекторската функција во фудбалската репрезентација на Јапонија.

Искусниот тренер за француското „Радио 3“ рекол дека сака повторно да работи како клупски тренер. Главен кандидат за потписот на Халилхоџиќ е Лил, кој во тековната сезона се бори за опстанок поради што медиумите шпекулираат дека Марсело Бијелса нема да остане во клубот и во наредната сезона.

Халилхоџиќ во минатото бил тренер на Лил, во периодот 1998-2002 со овој тим се пласира во Првата лига, а подоцна стигна и до Лигата на шампионите.

По Лил, бил тренер во Рен, ПСЖ, Трабзон, Итихад, Динамо Загреб. Освен во Јапонија, како селектор работел во Брегот на Слоновата Коска и во Алжир.

Scroll to Top