Top Sport

Хаман: Белингем е недисциплиниран играч, а во Борусија никој не се осмелува да му нареди

Џуд Белингем има огромен талент и квалитет, но е недисциплиниран играч кому никој во Борусија Дортмунд не се осмелува да му наредува, смета поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман.

Англискиот 19-годишен тинејџер стана клучен играч за Дортмунд по трансферот од Бирмингем сити во 2020 година и неговата игра привлече голем интерес во Премиерлигата, каде што беше поврзуван со Ливерпул и Манчестер сити, но и од Реа Мадрид во Шпанија. Хаман смета дека тој мора да смени дел од својата игра за да блесне во голем клуб.

„Белингем едноставно нема дисциплина. Можеби сака да се врати на Островот или да оди во Реал Мадрид, но таму ќе мора да игра многу поинаку. Во Дортмунд може да прави што сака. Никој не се осмелува да му каже нешто за да не го налутат. Ако имате таков клупски колега, тогаш имате проблем. Ако не направи ништо напред или назад, тогаш што прави на теренот? Има уште многу за учење“, оценува Хаман.

Scroll to Top