Поранешниот фудбалер од средниот ред на Ливерпул, Германецот Дитмар Хаман смета дека конечно „црвените“ го симнале од тронот Манчестер јунајтед и дека сега сите сакаат да играат на „Енфилд“.
Хаман објаснува дека со титулата од Лигата на шампиони и од Премиер лигата за само 12 месеци, Ливерпул се на врвот во Англија.
„Кога јас бев фудбалер, сите сакаа да играат за Манчестер јунајтед, бидејќи знаеја дека тоа ви гарантира титула. Тие беа најголемиот клуб за кој сите во и надвор од Англија зборуваа. Но, по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, тие страдаат. Сега, Јирген Клоп ги направи Ливерпул клуб кој сите го сакаат. Тука, конечно, ги симнавме Јунајтед од врвот“, вели Хаман.
Сепак, тој не очекува доминација како во ерата на Сер Алекс Фергусон, најмногу поради квалитетот на Премиер лигата.
„Не сум сигурен дали ќе доминираат како што доминираа Јунајтед, бидејќи Манчестер сити и Пеп Гвардиола се тука. Но, тие се пет години пред Јунајтед, а големите клубови од Лондон се уште подалеку“, вели Хаман.