Top Sport

Хаман: Тијаго Алкантара не знае да игра во стилот на Ливерпул

Тијаго Алкантара не игра на начинот на Ливерпул, смета поранешниот миленик на „црвените“, Дитмар Хаман, кој го советуваше Јирген Клоп да биде многу внимателен со шпанскиот фудбалер од средниот ред кој пристигна на „Енфилд“ од Баерн Минхен за 20 милиони фунти.

29-годишниот Алкантара потпиша четиригодишен договор со Ливерпул, откако беше клучен во минатогодишната тројна титула на Баерн и бараше нов предизвик. Корона вирусот и повредата на коленото го оддалечија од теренот подолго време, но тој се врати во составот на крајот на декември и беше стартер на последните два меча, а Хаман вели дека ќе мора да му се даде време да се адаптира.

„Тој ги успорува работите и не игра на начинот на Ливерпул. Во минатото, Ливерпул имаа фудбалери од средниот ред кои ја вршеа целата работа, можеби не беа со толку вештина како Тијаго, но ја носеа топката кај Мане и Салах многу бргу, по што тие беа тешки за сопирање. Мислам дека со Тијаго, да не грешиме, тој е одличен фудбалер со многу вештини, но и во Минхен немаше многу луѓе кои велеа дека тој е фантастичен. Затоа Клоп треба да биде многу внимателен. Покрај тоа, тој игра поинаков стил на фудбал, сака да ја има топката во нозете. Ливерпул, пак, се добри кога немаат посед, ја освојуваат топката и играат бргу напред. Тој не е таков играч и ќе биде интересно дали ќе ја смени динамиката во тимот“, вели Хаман.

Scroll to Top