Top Sport

Хамбарџумјан ја реши Академијата

Вардар втор пат сезонава го совлада тимот на Академија Пандев. После оние 0:2 во Струмица, денеска во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ беше 3:1 за Вардар.

Вардар доминираше, имаше повеќе шанси и заслужено славеше во дуелот кој го обележа десниот бек Хамбарџумјан. Ерменецот го одигра 100.натпревар во дресот на Вардар, а јубилејот го зачини со два гола.

Актуелниот првак поведе со голот на Блажевски во 19.минута, а 15 минути подоцна Хамбарџумјан со удар од 15 метри зголеми на 2:0.

Гостите од Струмица намалија на 2:1 со гол од пенал кој го реализира младиот репрезентативец Атанасов.

Конечниот резултат го постави Ерменецот Хамбарџумјан во втората минута одсудиското надополнување на времето. Десниот бек слично како и во 33.минута со удар од 25 метри го совлада гостинскиот голман Бујанац.

Вардар есенскиот дел од сезоната ќе го заврши на 13.декември кога ќе го одигра градското дерби против Работнички.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top