Top Sport

Хамбургер повторно „настрада“ на „Алијанц арена“ (видео)

Шансите за Хамбургер уште еднаш да избегнат испаѓање од Бундеслигата стануваат сè помали, откако ХСВ повторно беше „декласиран“ од Баерн Минхен на „Алијанц арената“, овојпат со 6:0.

Пред мечот, на официјалниот Твитер профил на Хамбурегер се шегуваа дека и нивниот тимски автобус е во составот, но во Минхен немаше шегување и уште на почетокот шампионот покажа заби.

Франк Рибери во осмата минута и Роберт Левандовски во 12. и 19. минута го направија победникот во мечот сигурен, по што требаше само да се доиграат другите 70 минути и Хамбургер некако да избегне катастрофа. Тоа, сепак, не се случи – Робен во 55. и Рибери уште еднаш во 81. минута го комплетираа 5:0 триумфот за Баварците.

Во 86. минута, Роберт Левандовски од белата точка имаше шанса да го комплетира хет-трикот, меѓутоа тој ја прати топката далеку над голот. Во 90. минута доби уште една шанса од белата точка, и овојпат не згреши.

Поразот од 6:0 е четврти огромен пораз за Хамбургер во исто толку гостувања во Минхен – претходно загубија со 8:0, 5:0 и 8:0. ХСВ, кој неодамна ги отпушти техничкиот и спортскиот директор е претпоследен во Бундеслигата со 18 поени, само еден повеќе од „отпишаниот“ Келн. Баерн пак, сега има 20 поени предност пред Шалке на врвот на табелата.

Фото: ЕПА

БУНДЕСЛИГА, 26.КОЛО

Баерн Минхен – Хамбургер 6:0

Хановер – Аугзбург 1:3

Херта – Фрајбург 0:0

Хофенхајм – Волфсбург 3:0

Хамбургер го подготвува „автобусот“ за Баерн

Scroll to Top