Германскиот весник „Билд“ тврди дека Хамес Родригез наскоро заминува од Баерн Минхен, и тоа во Јувентус, каде што би бил засилување за и така силниот тим со доаѓањето на Кристииано Роналдо.
Колумбиецот дојде во Баварија на двегодишна позајмица од Реал Мадрид во јули 2017 година за околу 13 милиони евра, и Баерн ја имаат опцијата да го откупат неговиот договор кога ќе заврши позајмицата во јули 2019 година. Но, според „Билд“, Јуве се заинтересирани да го направат трансферот во јануари, но има интерес и во англиските премиерлигаши.
Приказната се „поткрепува“ со фактот што Родригез за агент го има Жорге Мендеш, агентот на Роналдо и на Кансело, кои ова лето пристигнаа во Торино.
Фото: ЕПА