Top Sport

Хамес Родригез по вторпат стана татко

Колумбискиот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез преку социјалните мрежи се пофали дека по вторпат станал татко, овојпат на синот Самуел, откако во 2013 година ја доби ќеркичката Саломе.

„Сакам да ви ја споделам неверојатната радост. Денеска Господ ми дозволи уште еднаш да станам татко со пристигнувањето на Самуел во нашето семејство. Среќни сме дома и уживаме во моментов. Благодарност за вашата љубов, почит и грижа“, напиша Хамес.

Родригез до 2017 беше во брак со Даниела Оспина, сестрата на голманот Давид Оспина, со која ја има ќеркичката Саломе, а од лани е во врска со венецуелскиот модел, Шенон де Лима.

Scroll to Top