Top Sport

Хамес сака во Валенсија: Ако треба, ќе тргнам пешки, Ла лига е многу поквалитетна од Премиерлигата

Поранешниот најдобар играч на Светското првенство во 2014 година, Хамес Родригез вели дека е заинтересиран за трансфер во Валенсија, ценејќи го високо клубот кој сега го води Џенаро Гатузо.

Колумбискиот репрезентативец во моментов е фудбалер на катарскиот Ал-Рајан, со кои има договор до јуни 2024 година по трансферот од премиерлигашот Евертон, и вели дека би сакал да игра на „Месталја“.

„Да беше до мене, ќе тргнев за Валенсија пешки. Но, ако тргнам пешки ќе задоцнам бидејќи ќе заврши преодниот рок. Сериозно, се работи за голем клуб со фантастични навивачи, а сега го имаат и Единсон Кавани. Ако сакаат некој да му асистира на Кавани, јас сум тука. Ла лига е дефинитивно многу поквалитетна лига од Премиерлигата“, вели Родригез за „Ел чирингито“.

Scroll to Top