Top Sport

Хамес се откажува од Реал, сака да остане во Баерн?

И покрај тоа што постојано го поврзуваа шпекулации за враќање на „Сантијаго Бернабеу“, Хамес Родригез вели дека сака да го направи престојот во Баерн Минхен „постојан“ и да не се врати во Реал Мадрид.

Колумбиецот дојде во Реал како голема ѕвезда по Светското првенство во 2014 година, меѓутоа во 2016 година замина во Баварија откако немаше место за него кај „кралевите“. Двегодишниот договор за позајмица завршува следното лето и Баерн имаат опција да го земат 27-годишниот Хамес како постојан фудбалер.

На состанокот со фан-клубот на Баерн, Хамес јасно посочи дека ужива во животот во Германија.

„Сега е поинаква ситуација од лани бидејќи бев повреден и играм помалку. Ако треба да заминам за да играм повеќе, тогаш ќе се случи тоа, но навистина би сакал да останам бидејќи ја чувствувам љубовта на навивачите и на Баерн. Се надевам дека наскоро ќе бидам 100 отсто подготвен“, вели Хамес.

Хамес со ултиматум до Баерн: Или јас или Ковач…

Scroll to Top