Хамес Родригез е еден од оние што не го кријат незадоволството од начинот на кој тренерот Нико Ковач го води тимот на Баерн Минхен. Колумбиецот наводно на клупските челници им порачал: „Ќе заминам јас или тренерот Ковач“.
Хамес е незадоволен од улогата што ја има кај тренерот Ковач и од честите ротации што ги прави хрватскиот стратег. Колумбиецот сметал дека тренерот не знаел да го искористи неговиот потенцијал на вистински начин, поради што ги стопирал преговорите помеѓу Баерн и Реал за откуп на неговиот договор.
Баерн е сериозно заинтересиран да го задржи 27-годишниот фудбалер во Минхен. Истото го сакал и Хамес, но само доколку некој друг дојде на тренерската позиција.
Хамес сезонава настапил на десет натпревари за Баерн, но на теренот бил само 568 минути.