Фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригез, мора да плати 11,6 милиони евра, бидејќи додека бил играч на Реал Мадрид, во Шпанија затаил данок.
Весникот „Мундо депортиво“, пишува дека Колумбиецот не ги пријавил приходите од имиџ-правата, веднаш по потпишувањето на договорот со Реал. Хамес, во 2014 година за сума од 80 милиони евра пристигна во Реал од Монако.
Хамес, остварил приходи 12 милиони евра и тие пари ги пријавил дека ги заработил надвор од Шпанија, односно платил помал данок. Сепак шпанските власти сметаат дека во тој период тој живеел во Шпанија и имаат намера да му ја наплатат целата сума.
Поради тоа Хамес ќе биде казнет, а казната ќе биде слична на оние што веќе не успеаја да ги избегнат Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Анхел ди Марија и уште неколку други фудбалски ѕвезди.