Top Sport

Хамшик пречекан како херој во Гетеборг

Словачкиот напаѓач Марек Хамшик направи неочекуван трансфер во шведскиот клуб Гетеборг, и тоа очигледно им се допадна многу на навивачите на овој клуб, кои го пречекаа ветеранот како херој.

Хамшик, кој најголемата слава ја доживеа како миленик на навивачите на Наполи, ја напушти кинеската лига и се очекуваше да се приклучи на својот матичен клуб, Слован Братислава, но наместо тоа реши да замине во малку ценетата шведска лига. Тој има договор до крајот на сезоната, по што ќе размисли за својот следен чекор.

Scroll to Top