Top Sport

Хамшик стана играч на Далиан Јифанг

Марек Хамшик официјално стана член на кинескиот Далиан Јифанг. Словакот претходните 11 години ги мина во Наполи. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Наполи.

Италијанските медиуми објавија дека Наполи од трансферот инкасирале 20 милиони евра, а фудбалерот во Кина ќе заработи 27 милиони евра за три години.

Соиграчи на Хамшик во новиот клуб ќе му бидат поранешните членови на Атлетико Мадрид Јаник Фереира Караско и Николас Гаитан.

Далиан Јифанг новата сезона ќе ја започнат на 3 март против Хенан.

Scroll to Top