Top Sport

Хандановиќ кариерата ќе ја заврши во Интер

Словенечкиот фудбалски голман, Самир Хандановиќ одлучи каде ќе ја заврши својата кариера. Тој од 2012 година е член на Интер, а во меѓувреме стана и еден од најдобрите светски голмани, па ја доби и капитенската лента кај „Нерозурите“.

Хандановиќ вели дека ужива во екипата од Милано и планира токму тука да ја заврши својата професионална кариера.

„Во Интер многу го почитуваат Хандановиќ поради неговата искреност. Тоа што го мисли, тој го кажува. Наскоро ќе го продолжи договорот затоа што сака кариерата да ја заврши во Интер, а подоцна планира да биде на располагање со своето искуство“ објави новинарот на „Скај спорт“, Андреа Павенти.

Инаку, 36-годишниот чувар на мрежата претходно има настапувано за Домжале, Загорје, Удинезе, Тревизо, Римини и Лацио.

Scroll to Top