Во првиот меч од 13. коло во Бундеслигата, Штутгарт го освои првиот поен на гости откако одигра 1:1 кај Хановер во дуел на два тима кои оваа сезона влегоа во елитата.
Хановер тргнаа одлично со шанста на Мартин Харник, кој се сопна и пропушти идеална шанса. За ова следуваше казна во 24. минута кога Кристијан Гентнер шутираше од далеку, а голманот Филип Чаунер не успеа да ја исфрли топката, за Такума Асано да постигне гол.
Домашниот тим беше подобар во второто полувреме, но тешко доаѓаше во шанса. Бенјамин Павард го фаулираше Матијас Острзолек за Никлас Филкруг од белата точка да спаси бод за домаќините.