Додека Партизан и Црвена звезда го играа 156. вечно дерби, првото полувреме ќе остане запаметено по големата тепачка меѓу навивачите на двата клуба.
Според српските медиуми, се случила општа тепачка на трибината на која се наоѓаат навивачите на Партизан, и иако се мислеше дека се работи за меѓусебна тепачка, на крајот се заклучи дека група навивачи на Црвена звезда се најде на трибината и дојде до општ хаос. Српските медиуми јавуваат дека има доста повредени гледачи.