Голема трагедија се случила на улиците на перуанската престолнина Лима. Двајца загинале во пресметка на навивачки групи.
Трагично завршила пресметката на хулиганите на двата најтрофејни клуба во Перу, Университарио и Алијанца.
Навивачите на Университарио го иницирале нападот и започнале да пукаат со пиштоли кон хулиганите на Алијанца.
Во пресметката настрадале двајца навивачи на возраст од 19 и 22 години. Тие им подлегнале на повредите во болницата во Лима.
На овој страшен хулиганите на Университарио го одмаздиле убиството на еден нивен член.