Top Sport

Хаосот во Серија А продолжува – Сампдорија-Верона на крајот нема да се игра

Хаосот со откажување на мечеви во Серија А продолжува, откако само неколку часа откако беше објавено дека Сампдорија-Верона во понеделник ќе се игра без публика, Лега Серија А целосно го откажа мечот.

Од корона вирусот во северна Италија веќе починаа 30 луѓе, а над 1.200 се инфицирани, а жртва е фудбалот по хаотичното одложување на мечеви. Иако локалните власти во Лигурија објавија дека нема опасност за гледачите, Лега Серија А прво нареди играње без публика, за сега да го промени планот, и да го презакаже мечот за 13 мај.

Се верува дека Сампдорија се противела на планот за играње без публика, бидејќи така ќе беше поништена нивната домашна предност во моменти кога клубот се бори за опстанок.

Ова е последниот пресврт на настаните во Серија А, откако денеска беше потврдено дека во среда ќе има итен состанок на претставниците на 20-те клубови во обид да се решат проблемите со презакажување на мечевите.

Scroll to Top