Иако вчера официјално заврши крајниот рок кој Борусија Дортмунд им го даде на Манчестер јунајтед за трансферот на Џејдон Санчо и многумина веруваат дека приказната е завршена, поранешниот фудбалер на „ѓаволите“, Овен Харгривс смета дека бундеслигашот „блефира“ и дека уште се преговара.
Директорот на Дортмунд, Михаел Цорк изјави дека Јунајтед ја пропуштиле шансата откако Санчо замина на тренинг-камп во Швајцарија, но Харгривс вели дека се работи за тактика за преговарање за да се извлечат дополнителни милиони од Јунајтед.
„Мислам дека тоа е тежок блеф. Тој ќе стане фудбалер на Манчестер јунајтед наскоро. Се обидуваат да извлечат повеќе пари и тоа е природата на овој спорт. Јасно е дека Јунајтед се многу заинтересирани и дека преговараат, а Дортмунд блефираат. Сега работите зависат од ’ѓаволите’, дали се подготвени да платат и дали го ценат навистина толку“, вели Харгривс.
Се верува дека Дортмунд бара стриктно 120 милиони евра, додека Јунајтед проценката ја имаат на 20-тина милиони помалку.