Top Sport

Хари Кејн капитен на Англија на СП

Фудбалерот на Тотенхем Хари Кејн е именуван за капитен на фудбалската репрезентација на Англија. Селекторот Герет Саутгејт одлуката на фудбалерите им ја соопштил во понеделникот вечерта.

„Хари има врвни човечки квалитети. Професионалец е и она што е најважно секој ден поставува нови стандарди. Одлична е и пораката за овој тим што капитенот е еден од најдобрите во светот. Чувствувам дека покажа желба да го предводи овој тим. Секако дека ќе му биде потребна помош од другите. Не можете да бидете најдобар тим само ако имате капитен што знае да ги цени вистинските вредности“, рекол Саутгејт.

Кејн (24) како капитен ќе го предводи „Гордиот Албинот“ во неговото 15.учество на светските првенства.

Англија на СП ќе игра во Г-групата против Белгија, Тунис и Панама.

Scroll to Top