Top Sport

Хартс ќе ја тужат шкотската Премиер лига

Челниците на Премиер лигата на Шкотска го одбиле предлогот од наредната сезона лигата да биде проширена со уште два клуба, односно во неа да се натпреваруваат 14 екипи.

„Бидејќи немаше доволна поддршка за проширување на лигата и во наредната сезона ќе го применуваме форматот кој е актуелен, 12 екипи ќе играат во Премиер лигата, а по 10 во втората, третата и четвртата лига“, се наведува в соопштението.

Поради оваа одлука од Премиер лигата испадна фудбалскиот клуб Хартс.

Од овој клуб соопштиле дека се разочарани и изненадени од одлуката и дека правдата ќе ја бараат пред шкотските судови.

Scroll to Top