Top Sport

Хауге пред заминување од Милан

Норвешкиот талент Јенс Петер Хауге најверојатно ќе замине од Милан по само една сезона, откако „росонерите“ сериозно ја разгледуваат понудата на Ајнтрахт Франкфурт.

21-годишното крило пристигна во Милано од Бодо/Глимт минатиот октомври откако го импресионираше Паоло Малдини во мечевите од Лига Европа, но според „Калчомеркато“, тренерот Стефано Пиоли не е убеден во неговиот талент и покрај тоа што тој играше во 24 натпревари минатата сезона и постигна пет гола.

Ајнтрахт се прв фаворит за неговиот потпис пред Волфсбург, и се подготвени да платат 8 милиони евра веднаш и уште 4 милиони евра во бонуси, додека Милан очекува барем 14 милиони евра.

 

Scroll to Top