Германската ѕвезда на Челси, Каи Хаверц вели дека новиот менаџер на клубот, Греем Потер му дава слобода и самодоверба откако беше клучен при 2:0 победата над Борнмут.
Хаверц играше во средината на нападот на „сините“ и заврши со гол и асистенција за прекинување на серијата од три порази за важни три поени. Германецот веќе е „запишан“ во историјата на Челси, откако го постигна победничкиот гол за трофејот од ЛШ, но сега вели дека добива поинаква димензија во клубот.
„Потер ми дава слобода да правам што сакам и се чувствувам сигурен на теренот. Сакам да играм слободно и да бидам во шестнаестникот. Тоа ми даде голема самодоверба“, вели Хаверц.