Изминатата ноќ донесе четири потенцијални „бомби“ на фудбалскиот пазар, на некои од најдобрите играчи на денешницата на своите позиции.
Каи Хаверц многумина го гледаа како замена за Карим Бензема во Реал Мадрид, но како што сега стојат работите, тој ќе го смени клубот,но не и градот.
Според тврдењата на Фабрицио Романо, Хаверц сака да го напушти Челзи. Незадоволството на Германецот ќе се обиде да го искористи Арсенал. Според Романо, преговорите меѓу клубовите ќе продолжат и во наредните денови.
Доколку Хаверц не замине во Реал, тогаш друг играч од Лондон би можел да се пресели во Мадрид.
„Секој играч би сакал да игра во Реал, тоа е најдобриот клуб во светот“, изјави Ришарлисон, кој работеше во Евертон со Карло Анчелоти.
На Реал му треба напаѓач кој би можел да биде и резервна опција, а тешко е да се каже дали Бразилецот кој не се прослави во Тотенхем е вистинското решение.
Како што стојат работите, ќе има заминувања од редовите на новиот европски шампион. Со денови се шпекулира дека Бернардо Силва ќе стане нов член на ПСЖ.
Парижаните го сакаат Португалецот во своите редови и според „Лекип“ му го понудиле Марко Верати на Манчестер сити. Сепак, трансферите би можеле да бидат забавени од политиката.
Сити го управуваат ОАЕ, а ПСЖ Катарците, познато е дека односите меѓу двете земји не се баш добри и прашање е дали работата ќе биде завршена.
Незадоволен од статусто во Сити е Алжирецот Ријад Махрез.
Махрез е во преговори со Ал Ахли и како што сега стојат рабптите негова следна станица во кариерата ќе биде Саудиска Арабија.