Top Sport

Хаверц се договорил со Арсенал, се чека одлука на Челси

Германскиот напаѓач Каи Хаверц ги договорил личните услови со Арсенал и сега се чека договор меѓу „топчиите“ и Челси за комплетирање на еден од најинтересните трансфери во Премиерлигата, тврди експертот за трансфери, Фабрицио Романо.

Хаверц во моментов е со германската репрезентација, со која во петокот одигра 90 минути при 1:0 поразот од Полска. „Топчиите“ минатата недела дале понуда од 60 милиони фунти за 24-годишниот Германец, кој би заработувал околу 200.000 фунти на „Емирати“. Челси, пак, според Романо, бараат минимум 70 милиони фунти за него, бидејќи тој има договор до 2025 година.

Хаверц дојде во Челси во 2020 од Баер Леверкузен, и беше стрелец на единствениот гол во финалето на Лигата на шампионите во 2021 против Манчестер сити.

Scroll to Top