И покрај лошите резултати што ги бележи Валенсија, тренерот Хави Гарсија, ќе остане на функцијата. Ова е епологот од состанокот што го одржале челниците на клубот. Одлуката дека барем засега ќе ја задржи работата на Гарсија му ја соопштил претседателот Анил Мурти.
Валенсија, нема победа во Ла Лига, на последните осум натпревари. Синоќа, на „Местаља“ одиграа 1:1.
Валенсија се наоѓа на 17.место на табелата со само 16 поени. Ист број на бодови има и Елче кој е во опасната зона, но има и два натпревари помалку.
Хави Гарсија минатото лето потпиша две годишен договор со Валенсија.
На почетокот на сезоната тој јавно го искажа своето незадоволство од трансфер-политиката. Валенсија не се засили, а клубот го напуштија девет фудбалери.